Loading Video...
Ракомет
27. May 2018 - 17:02

Вардар поразени од ПСЖ во дуелот за 3.место на Ф4 во Келн

 
Откако лани ја освоија титулата, годинава вардарци завршија како четврти во елитната Лига на шампиони. На завршниот фајнал-фор во Келн, вардарци се поразени ПСЖ со 28-29 во мечот за третото место.
 
Вардар добро го започна мечот, а во 14-минбута имаше и највисоки 4 гола предност (7-3). Сепак, ПСЖ не се предаде па во 23-тата минута парижаните имаа и гол предност 12-11. Но,  на полувреме црвено-црните беа оние кои заминаа го еден гол позитива 15-14. 
 
И во второто полувреме вардарци во неколку наврати имаа највисоки три гола предност. Но, и тоа не беше доволно да се совлада ПСЖ кој со многу поцврста игра во одбраната, на крајот стигна до победа со 29-28 
 
Најефикасен во редовите на Вардар беше Лука Циндриќ со седум голови, додека Хорхе Македа постигна шест, но средбата ја заврши предвреме поради три исклучувања. 
 
Во финалето од 18 часот ќе се борат француските екипи, Монпелје кој во полуфиналето беше подобар од Вардар и составот на Нант за кој настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, кој пак е најефикасиот ракометар во историјата на завршните фајнал-фор турнири .