Loading Video...
Ракомет
16. October 2018 - 19:09

Вардар поразен на гостувањето кај ППД Загреб во дуел од СЕХА лигата

 
 
 
Македонскиот шампион и актуелен првак во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар го претрпе и вториот пораз сезонава. 
 
Откако во неделата вардарци беа поразени Киелце во Лигата на шампионите, попладнево загубија на гостува кај ППД Загреб со 26:23 во меч од 6.коло на СЕХА лигата. 
 
Кристопанс со 4 гола беше најефикасен во составот на црвено-црните за кои Кисељев, Дибиров и Карачиќ постигнаа по 3, додека кај победникот Загреб, најефикасен беше Хорват со 6 гола.
 
Сега Вардар и Загреб имаат идентичен „скор“ по 5 победи и еден пораз и се на првите две места на табелата. 
 
 
Утре, металург во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува тимот на Железничар од Ниш, против кој металурзите ќе се обидат да ја остварат првата победа сезонава.