Loading Video...
Ракомет
7. September 2019 - 18:07

Вардар поразен на гостувањето кај Мотор Запорожје

Ракометарите на Вардар претрпеа пораз од Мотор Запорожје на гостувањето во Украина 
 
Во натпревар од 2.коло на СЕХА лигата, актуелниот шампион Вардар загуби од дебитатнтот во ова натпреварување Мотор Запорожје. 
 
Украинскиот тим од самиот почеток, постојано имаше предност иако вардарци во неколку наврати имаа и шанса барем еднаш до дојдат во водство. Но, тоа не се случи, а на истекот на мечот, црвено-црните имаа можност да се изборат барем за бод. 
 
Но најстрогата казна односно ударот од седум метри не го реализира Чупиќ, па домаќините можеа да се радуваат на победата со конечни 32-31
 
Тимур Дибиров со шест гола беше најефикасен во редовите на македонскиот првак, за кој по пет гола постигнаа Кристопанс и атман, а четири Чупуќ.
 
Овие два тима ќе се сретнат меѓусебно и во Лигата на шампионите и тоа во 3.коло во мечот кој ќе се игра во Запорожје на 29 септември. 
 
Ова беше последен тест за вардарци пред стартот на натпреварите во Лигата на шампионите и гостувањето кај Монпелје на 14 септември.