Фудбал
22. November 2015 - 16:57

Вардар поразен на гостувањето кај Хоризонт Турново

 
 
Попладнево беа одиграни натпреварите од 15.коло во ПМФЛ. Шампион Вардар загуби на гостувањето во Турново од Хоризонт со 2:.. 
 
Дербито одиграно на Арената „Филип Втори’’ во Скопје, меѓу Работнички и Шкупи заврши без победник 1:1.
 
Во Кратово екипата екипата на Силекс славеше убедлива победа над Младост Ц.Д. со 3:0.
 
На дуелот во Кочани, гостински триумф славеше Металург кој со 2:0 ја победи Брегалница.
 
Локалното тетовско дерби меѓу Ренова и Шкендија не се одигра поради лошиот терен во Боговиње, односно проблемите кои ги создаде поројниот дожд.
 
 
Табела: 
1.    Вардар 36 бода, 
2.    Шкендија 33 (-1), 
3.    Силекс 22, 
4.    Работнички 21, 
5.    Шкупи 20, 
6.    Ренова 16 (-1), 
7.    Хоризонт Т. 16, 
8.    Брегалница 13, 
9.    Младост ЦД 13 и 
10.    Металург 11.