Ракомет
11. September 2016 - 14:50

Вардар подобар од Веспрем кој вечерва игра против Металург

Ракометарите на Вардар го добија првиот од двата натпревари  а македонските претставници во СЕХА лигата против унгарскиот првак Веспрем.

Македонскиот шампион вчеравечер пред својата публика во Јана Сандански беше подобар тим во текот на целиот меч против европскиот вицепрвак Веспрем, па на крајот црвено-црните заслужено се радуваат на убедлива победа со конечни 29-22.

Шанса да се искористи заморот на ракометарите на Веспрем вечерва ќе има и екипата на Металург во мечот кој ќе се игра од 20 часот и 30 минути во СЦ Борис Трајковски.