Loading Video...
Ракомет
21. September 2019 - 16:49

Вардар подготвен за Порто

Актуелниот европски шампион Вардар го очекува првиот меч на домашен терен во новата сезона во Лигата на шампионите. 
 
Противник е португалскиот првак Порто, тим кој честопати во нападот ја применува тактиката „7-на-6 “, што пак на црвено-црните и не им лежи многу, па затоа Тимур Дибиров истакнува дека дуелот со Порто нема да биде лесен 
 
“Знаеме дека секој натпревар е тежок, без разлика дали е Порто, Кил, Киелце, дома или гости. Сите знаеме како се игра во Скопје, многумина очекуваат лесно да пројдеме на овој меч, но нема да е воопшто лесно затоа што Порто игра „7-на-6“, игра за која добро треба да се спремиме“, изјави Дибиров.
 
Вардарци со победа на гости во Франција кај Монпелје ја започнаа одбраната на титулата, како и Порто кој во првото коло го совлада Мешков Брест. 
 
Дуелот од втората рунда меѓу Вардар и Порто ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот.