-->
-->
Вардар победник на турнирот „Вардар 2015“
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар го освои трофејот на турнирот „Вардар 2015“ што се одржа во спортскиот центар „Јане Сандански".
Во финалето Вардар го совлада шведскиот првак Кристијанштад со убедливи 32:24. Тоа, впрочем, беше и најголемата разлика на натпреварот.
„Црвено-црните“ веќе во 8.минута кога имаа двојно повеќе голови од Кристијанштад, 6:3, а истата ситуација се повтори и неколку минути подоцна кога беше 8:4. На половина од првиот дел Вардар имаше 11:6, а благодарение на извонредниот Арпад Штербик дојде и до 16:9 во 22.минута.
На полувреме се отиде со резултат 16:11, а Швеѓаните на почетокот од вториот дел се доближија до 16:13. Потоа Вардар одново резултатски се одлепи и до крајот не му дозволи на противникот да се доближи посериозно.
Хорхе Македа беше прв стрелец на мечот со пет гола, Лука Циндриќ постигна четири, а Дејан Манасков три. Штербик мечот го заврши со 14 одбрани, со што само потврди дека беше најдобриот голман на турнирот.
Игор Карачиќ го понесе признанието за МВП односно најкорисен играч на турнирот, на кој пак ракометарот на Кристијанштад, Џери Толбринг беше прогласен за најдобар стрелец.
За триумфот на турнирот Вардар заработи (заштеди) 15.000 евра, додека Кристијанштад доби 10.000 евра, а Чеховски Медведи награда од 5.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај