-->
-->
Вардар оствари очекувана победа над Металург
-->
Ракометарите на Вардар забележаа очекувана победа во дуелот против ривалот Металург во рамките од плејофот на домашното првенство.
Во заостанатиот натптревар од 3.коло, одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански’’, актуелниот шампион Вардар славеше победа над Металург со 26:22, полувреме 14:11.
Иако гостите од Автокоманда до 26-минута не само што беа рамноправен противник туку и имаа гол предност, сепак во завршните четири минути црвено-црните со низа од три гола стигнаа до водство од 14:11. Во вториот дел иако Металург во два наврати направи мини серии од 3:0 и доаѓаше на гол негатива, сепак избраниците на Лино Червар немаа до крај сили да направат подвиг и да да го совладаат актуелниот шампион па на крајот резултатот гласеше 26:22 за Вардар.
Најефикасен кај победничката екипа беше Дејан Манасков со 6 гола, а 5 постигна Хорхе Македа, додека Лука Циндриќ беше стрелец на 4 гола. Прв стрелец на мечот беше Филип Талески со 8 гола.
Со оваа победа и освоените три бодови, Вардар се проби на првото место на табелата со вкупно 9 бодови, колку што имаат Металург и Макс Струмица, на второти и третото место.
По нив следуваат, Прилеп со 6, Охрид и Работнички се без освоен бод во плејоф конкуренцијата, а сите три екипи имаат и по еден одигран натпревар повеќе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање