Фудбал
13. July 2017 - 19:31

Вардар одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Малме

Македонскиот првак Вардар со нерешен резултат и постигнат гол се враќа од гостувањето кај Малме во Шведска.

Во првиот натпреварар од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, одигран вчера на „Сведбанк“ стадионот, Малме и Вардар одиграа „реми“ 1:1.

Во првото полувреме црвено-црните поточно Балотели во два наврати имаше големи шанси да го доведе Вардар во водство, но резултатот остана непроменет. Она што не успеа да го искористи Бразилецот, конечно во 63-минута му успеа на Бобан Николов кој по обидот на Балотели да шутира, неговиот удар беше изблокиран, а топката дојде до Николов кој шутираше во долниот лев агол, за водство на Вардар од 0:1.

Примениот гол како да ги разбуди домашните фудбалери кои со сите сили притиснаа кон голот на Вардар. Таквиот притисок резултираше со гол во 75-минута, кога по центаршут од од левата страна, Франц Брорсон со глава од 5-6 метри го совлада Гачевски и го израмни резултатот на 1:1.

Малме се обидуваше да дојде и до втор гол, но добрите интерванции на Гачевски и среќата во последните минути им донесоа на вардарци позитивен резултат пред реванш дуелот во Струмица закажан за следниот четврток (20 јули).