Ракомет
2. August 2018 - 19:01

Вардар новата сезона од ЛШ ќе ја започне со Монпеље

Македонскиот ракометен првак Вардар новата сезона од Лигата на шампионите ќе ја започне со натпревар на гостински терен кај актуелниот европски првак Монпеље на 15 септември, додека првиот дел од групната фаза ќе го заврши на први декември во Скопје кога се среќава со Кjелце.

Европската ракометна федерација во соработка со клубовите домаќини и телевизиските куќи што ги имаат правата за пренесување на натпреварите од Лигата на шампионите во сезоната 2018/19 година ги одредија термините на натпреварите од првите десет кола што се играат во оваа календарска година.

Единствено за натпреварот во Барселона во периодот од 14 до 18 ноември се уште не е утврден терминот.

Вардар преостанатите четири натпревари од групната фаза ќе ги игра по завршувањето на Светското првенство, што се одржува во јануари 2019 година.

Вардар е во група со екипите на Монпеље, Кристијанштад, Веспрем, Рајн Некар, Мешков, Барселона и Кјелце. Првиот од групата директно ќе се пласира во четвртфиналето, а оние од второ до шесто место ќе играат прво во осминафинале со екипите од другата група.

Распоред на натпревари:

1. коло - 15.09.2018

Монпеље - Вардар (17:30 часот)

2. коло - 22.09.2018

Вардар - Кристијанштад (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански“)

3. коло - 29.09.2018

Веспрем - Вардар (17:30 ч.)

4. коло - 06.10.2018

Вардар - Рајн Некар (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански“)

5. коло - 14.10.2018

Кјелце - Вардар (17 ч.)

6. коло - 03.11.2018

Вардар - Мешков (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански“)

7. коло - 10.11.2018

Вардар - Барселона (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански")

8. коло - 14/18.11. 2018

Барселона - Вардар

9. коло - 24.11.2018

Мешков - Вардар (19 ч.)

10. коло - 01.12.2018

Вардар - Кјелце (17:30 ч. СЦ „Јане Сандански")