Ракомет
4. April 2016 - 19:30

Вардар неуспеа да го победи Веспрем во финалето на СЕХА

Ракометарите на Вардар не успеаја да стигнат до првиот трофеј оваа година откако синоќа во финалето од СЕХА лигата во Вараждин со 28:26 загубија од Веспрем. Вардарци подобро го почнаа финалето и имаа предност во првиот дел, а на полувремето водеа со 15:14. Во вториот дел воглавно се играше гол за гол, а во финишот неколкуте одбрани на Алиловиќ се покажаа како решавачки. Тренерот на Вардар Раул истакна дека неговиот тим одиграл со 100% но за победа над Веспрем потребно е очигледно повеќе. Од редовите на Вардар во најдобрата постава на завршниот турнир се најдоа Лука Циндриќ и Алекс Душебаев.

Финалето во Вараждин беше само најава на она што може да се очекува од двата тима во рамките на дуелите од Лигата на шампионите во четвртфиналето. Првиот натпревар се игра во Скопје на 23.април, а реваншот е на 30.април во Веспрем.