Loading Video...
Ракомет
1. October 2019 - 15:23

Вардар на тешко гостување кај Татран

Европскиот  и актуелен СЕХА шампион Вардар кој во неделата одигра меч во Украина, вечерва гостува во Словачка во натпревар од СЕХА лигата.
 
Вардарци кои на изминатите три средби остварија две победи, а беа поразени од Мотор Запорожје во втората рунда. 
 
Иако црвено-црните досега немаат пораз на гостувањата кај Татран, а единствениот е од последната меѓусебна средба во Скопје, сепак во таборот на нашиот првак се свесни дека секој натпревар до словачкиот тим е исклучително тежок. 
 
По трите врзани порази во Лигата на шампионите, Татран е во серија од две победи, па затоа тренерот на вардарци Писонеро предупредува дека вечерва Татран ќе стори се да ја продолжи таа низа. 
 
„Секогаш одиме на победа, без разлика на сè, па така ќе биде и против Татран, кој добро го познаваме. Знаеме дека играчите се уморни од долгите патувања и густиот распоред, но наша одговорност е да се бориме за трите бода“, истакнува Давид Писонеро. 
 
Вечерашниот дуел меѓу Тартан и Вардар ќе започне од 20 часот и 45 минути