Loading Video...
Ракомет
23. March 2019 - 16:39

Вардар на тешко гостување кај ППД Загреб во првиот меч од осминафиналето во ЛШ

 
 
Ракометарите на Вардар вечерва од 20,30 часот гостува кај хрватскиот првак  ППД Загреб во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.
 
Дуелот кој е прогласен за меч на неделата, се очекува да донесе интересен ракомет во кој благ фаворите македонскиот шампион кој во севкупните меѓусебни пресметки има повеќе победи. 
 
Но, кога во прашање се дуелите во елитната ЛШ, хрватскиот тим има една победа повеќе од Вардар (5:4). 
 
Во таборот на „црвено-црните“ ќе го нема Сергеј Горбок за кој тренерот Роберто Парондо, смета дека е подобро да го прескокне овој меч и да биде подготвен за реваншот. Но, затоа се враќаат Германецот, Дисингер и Вуко Борозан, со кои Парондо ќе има повеќе комбинации како во нападот така и во одбраната. 
 
Дуелот ППД Загреб - Вардар е еден од трите кои се играат денеска во Лигата на шампиони:
 
Први дуели од 1/8-финалето во ЛШ:
 
среда                 РАЈН-НЕКАР ЛЕВЕН НАНТ 34-32
сабота  17:30    МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ ВИВЕ КИЛЦЕ
сабота   18:00   МЕШКОВ БРЕСТ ФЛЕНСБУРГ.
сабота   20:30   ППД ЗАГРЕБ ВАРДАР
недела  16:00   ВИСЛА ПЛОЦК ПИК СЕГЕД
недела  18:00   СПОРТИНГ Л. ВЕСПРЕМ