Кошарка
9. May 2017 - 8:32

Вардар М_20 без пораз во плеј офот до одбрана на шампионската титула

Кошаркарите на Вардар (играчи до 20 години) ја освоија шампионската титула откако во финалето на плеј офот го совладаа големиот ривал Работнички со 3-0 во добиени натпревари. Притоа „црвено-црните“ две победи постигнаа на гостински терен. Во последниот натпревар беше 65:63 во салата во Градски парк, а претходните два дуела 77:63 (на гости) и 89:86 по продолжение (на домашен терен).
Избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ до титулата стигнаа со две „метли“ (победи без загубен натпревар) откако во плеј офот ги добија сите пет натпревари и без пораз го завршија доигрувањето (во полуфинале победен ФМП со 2-0). 
Со овој успех „вардарци“ ја одбранија титулата шампиони на Македонија за играчи до 20 години.