Македонија
20. March 2018 - 20:55

Вардар ќе биде казнет поради паролата на Комитите „Еден јазик имам јас“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отпочна дисциплинска постапка против Вардар, поради неговите најверни навивачи, „Комитите“, поради недолично однесување на натпреварот против Ренова.

Дуелот кој се одигра во Скопје беше одредено време во прекин поради националистички извици од трибините, а исто така предвид е земено и за паролите со политичка конотација истакнати на трибината на најверните вардарови фанови.

Одлуката околу казната која ќе пристигне на адреса на Вардар ќе биде донесена во текот на наредната недела. Натпреварот меѓу Вардар и Ренова заврши со победа на фаворитот (1-0), со погодок на Дејан Блажевски.