Ракомет
2. October 2018 - 12:31

Вардар ја пречекува Војводина, тешко гостување за Металург кај ППД Загреб

 
Откако изминатиот викенд ги одиграа средбите во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар и Металург денеска ги играат дуелите од 5.коло во СЕХА лигата
 
Во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот и 15 минути, актуелниот шампион во ова натпреварување Вардар го пречекува српскиот првак Војводина. 
 
Црвено-црните ја имаат улогата на фаворит, која ќе се обидат да ја потврдат со нова победа, со која би го одржале максималниот ефект, односно би ја оствариле и петтата победа во исто толку одиграни средби сезонава. 
 
Од друга страна, Металург на тешкото гостување на ППД Загреб ќе се обиде да ја оствари првата победа откако во воведните четири меча, тимот од Автокоманда претрпе три порази и одигра без победник во последниот меч против Извиѓач. 
 
Мечот во Загреб, ќе започне во терминот од 20:45 часот.