Loading Video...
Ракомет
21. September 2018 - 15:05

Вардар ја бркаат седмата победа во дуелите со Кристијанштад

Македонскиотпрвак Вардар утре ќе го одиграат својот меч од 2.коло, а противник е шведскиот Кристиојанштад
 
 
Шест меѓусебни натпревари и исто толку победи има Вардар во дуелите  против Кристијанштад, па со право од таборот на црвено-црните веруваат дека традицијата може да продолжи и вардарци да ја остварат и втората победа во новата сезона на елитната лига. 
 
„Сакаме да победиме на овој натпревар, но се соочуваме со тим кој има искуство од неколку години со настапи во Лигата на шампионите. Тоа е екипа која игра различен ракомет со многу брза игра, контра напади, висок интензитет. Секој бод е многу важен сезонава и затоа ќе одиме максимално. Секој нов натпревар може да биде последен во серијата и секој дуел е потежок против Кристијанштад.Го сфаќаме противникот сериозно и ќе се обидеме да го одиграме натпреварот на исто ниво од прва до последна минута“, изјави капитенот на вардарци Тимур Дибиров. 
 
Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад на програмата е в сабота од 17:30 часот, а ќе се игра во салата „Јане Сандански“.
 
Утрешниот дуел меѓу Вардар и Кристијанштад кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне од 17 часот и 30 минути.