Фудбал
21. February 2016 - 16:44

Вардар и Шкендија сигурни на стартот на вториот дел од сезоната

Двете водечки екипи во Првата македонска фудбалска лига, Вардар и Шкендија со сигурни победи го почнаа пролетниот дел од сезоната.

Вардар со убедливи 4:1 ја совлада Ренова, додека Шкендија со 2:0 беше поуспешна од Турново.

Домашниот терен го искористи и Шкупи, додека Силекс и Брегалница ремизираа.

Резултати на поладневните натпревари од 19.коло во ПМФЛ:
Шкендија – Турново 2:0,
Вардар – Ренова 4:1,
Силекс – Брегалница 2:2 и
Шкупи – Металург 1:0.
Вчера, Работнички – Младост Царев Двор 2:1.

Табела: Вардар 46 бода, Шкендија 41, Работнички 27, Силекс 27, Шкупи 27, Брегалница 20, Ренова 20, Турново 20, Царев Двор 16 и Металург 13.