Loading Video...
Ракомет
15. April 2018 - 15:26

Вардар и ППД Загреб во дуел за шампионскиот трофеј во СЕХА лигата

Екипите на Вардар и Загреб ќе се борат за шампионскиот трофеј во регионалната СЕХА лига. 
 
 
Двата финалисти на годинашната на завршницата на СЕХА лигата, односно фајнал-фор  турнир што се одржува во СЦ Јане Сандански во Скопје, Вардар и Загреб се единствените две екипи кои досега учествувале на сите седум завршни турнири
 
Ова ќе биде втор меѓусебен дуел во големото финале откако пред пет години (2013) исто така во Скопје, екипата на Загреб  по продолжение славеше победа со 25:24 и ја освои единствената титула досега во СЕХА конкуренцијата во која вардарци има три шампионски трофеи., па ќе атакуваат на четвртиот или втор во низа.
 
 
Финалниот меч меѓу Вардар и Загреб ќе се игра вечерва од 20.15 часот