Ракомет
12. September 2017 - 15:05

Вардар и Еурофарм Работник во меч од Супер Купот на Македонија

 
Иако актуелниот европски првак Вардар кој на домашната сцена минатата сезона ги освои двете титули, првенствена и во купот, попладнево против Еурофарм Работник ќе го одиграат дуелот во првиот Супер Куп на Македонија. 
 
Битолскиот тим за ваква можност се избори со пласманот во финалето на Националниот Куп каде беше поразен од Вардар (31-26), кој подоцна ја одбрани и шампионската титула. 
 
Натпреварот е ко-организација на РК Вардар и на Ракометната федерација на Македонија, а ќе се игра попладнево во СЦ Јане Сандански со почеток од 17 часот.
 
Во иднина Супер купот треба да стане традиција и да се игра пред почетокот на новата сезона во домашното првенство која стартува следниот викенд, но Вардар и Металург нема да учествуваат во првиот дел од првенството бидејќи настапува во Лигата на шампионите и регионалната СЕХА лига.