Loading Video...
Кошарка
17. February 2018 - 18:17

Вардар и Бадел во женското финале на Купот на Македонија

Вардар и Бадел ќе играат во женското финалето на Купот на Македонија.
 
Како и минатата година така и сега екипите на Вардар и Бадел ќе играат во женското финале на кошаркарскиот Куп на Македонија чија завршница се игра во Кавадарци. 
 
Бранителките на трофејот кошаркарките на Вардар во полуфиналето беа подобри од Пелистер со 84-33 , додека баделки со 77-43 ја победија Струга. 
 
Женското финале на програмната е утре со почеток од 16 часот, додека машкото ќе се игра во терминот од 19 часот