Ракомет
31. January 2019 - 15:08

Вардар гостува кај Војводина во продолжението на СЕХА лигата

 
Македонскиот и СЕХА првак Вардар попладнево гостува во Нови Сад кај Војводина во продолжението на натпреварите во регионалната конкуренција. 
Вардар е на делба на првото место на табелата со 33 бода, исто колку и Нексе и ППД Загреб, а до крајот на лигашкиот дел остануваат уште пет кола, а Вардар е на чекор и теоретски пласман на Ф4 турнирот. 
 
Поголемиот дел од играчите беа дел од СП во Германија, а за Нови Сад не отпатува Игор Карачиќ. Тој доби неколку слободни денови и од утре ќе продолжи со тренинзи во Скопје.  Вуко Борозан, Сергеј Горбок, Калифа Гедбан и Рожерио Мораеш ги пропуштија тренинзите бидејќи работат според посебна програма како дел од рехабилитацискиот процес
 
"Ова е нашиот прв натпревар по паузата од Светското првенство. Сигурно е дека ќе биде тешко, бидејќи ние не трениравме заедно долго време. Мојот план е повеќе да ги користам оние кои не играаа на СП, но исто така сакам сите да добијат шанса да играат. Во моментов не сме сигурни, ќе видиме после последните тренинзи како ќе изгледа тимот. Секогаш кога ќе играме, треба да играме добро и што е можно поскоро, треба да се подготвиме за СЕХА-лигата и за Лигата на шампионите“, изјави Роберто Парондо, тренерот на Вардар.
 
За Вардар сега е важно да се освојуваат бодови и да се подига формата пред следните средби од ЛШ против Веспрем и Кристијанштад во февруари и против ППД Загреб во СЕХА лигата.
 
"По СП сите тимови имаат проблеми со враќањето во форма. За нас е многу важно да победиме на овој натпревар, а квалитетот на игра е на второ место. Многу од играчите кои играат за своите национални тимови се уморни, некои се повредени, и од таа гледна точка, Војводина ја има предноста да има време да се подготви. Но, без оглед на сè, ние сме Вардар и одиме до победа во секој натпревар, без оглед на противникот ", дополува Тимур Дибиров.
 
Почетокот на денешниот дуел меѓу Војводина и Вардар е закажана 17 часот и 15 минути