Ракомет
8. March 2016 - 13:48

Вардар гостува кај Висла во среда

Осминафиналните натпревари од ракометната Лига на шампионите ќе бидат „отворени“ со дуелот меѓу Висла и Вардар. Домаќинот на овој натпревар полскиот клуб се реши да игра на 16.март во среда со почеток во 18:30 часот. 
Реванш дуелот е закажан десет дена подоцна во Скопје на 26.март со почеток во 18 часот. Инаку овие два тима и лани играа во осминафиналето во Полска Висла победи со 32:26, а Вардар беше подобар во Скопје 31:20.
 
Четири први натпревари од осмина финалето ќе се играат на 19.март (сабота), а двојките се: Мотор – Веспрем, Мешков Брест – Киелце, Монпеље – Флензбург и ППД загреб – Рајн Некар Ловен. На 20.март (недела) ќе се игра натпреварот ПИК Сегед – Кил.