Loading Video...
Ракомет
10. March 2019 - 16:56

Вардар гостува кај Нексе

Во натпревар од 17,коло  македонскиот и актуелен СЕХА шампион Вардар гостува во хрватска кај Нексе.
 
Ова е дуел на прво и трето пласираните екипи на табелата кои задно со ППД Загреб веќе имаат обезбедено настап на завршниот фајнал-фор турнир. 
 
Вардар е лидер на табелата со 13 победи и 3 порази, а еден пораз повеќе има Загреб кој вчера загуби од Мешков Брест со 31-26. 
 
Со оваа победа тимот од Белорусија го обезбеди своето место на фајнал-форот,кој најверојатно ќе се одржи токму во Брест. 
 
Покрај овие три тима место во четворката која ќе раздигува за титулата има обезбедено и екипата на Нексе вечерашниот противник на Вардар  
 
Единствената дилема е кој против кого во полуфиналето, а тоа најверојатно ќе се знае дури по одигрувањето на дуелите од последната рунда
 
Вечерашниот дуел меѓу Нексе и Вардар ќе се игра во терминот од 20 часот и 15 минути.