Вардар го забележа четвртиот пораз по ред во ракометната Лига на шампиони
Продолжи црната серија на ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија од Пик Сегед со 34:31.
Унгарскиот претставник на дуелот во Сегедин до бодовите дојде со подобра игра во текот на сите 60 минути. Домаќините има водство речиси целиот натпревар со исклучок на неколку изедначувања, последното (20:20) во 37. минута.
Најефикасен во тимот на Вардар беше Тимур Дибиров со седум голови. Русинот на овој меч стигна до 1000-от погодок во елитното натпреварување и се запиша во историјата на ЛШ како еден од најефикасните играчи.
Вардар по вечерашниот пораз остана на петте бода и е во втората половина на табелата (6. место) во А-групата.
Пик Сегед со четвртата победа од седум натпревари има 10 бода и во моментов е на второто место.
Двете екипи во следното коло повторно ќе играат меѓусебно, овој пат во Скопје каде домаќин ќе бидат вардарци. Овој натпревар е закажан за 25 ноември.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани