Loading Video...
Фудбал
1. December 2021 - 17:55

Вардар го очекува тешко гостување кај Кил

Македонскиот првак Вардар утре гостува во Германија кај составот на Кил во меч од 9.коло на Лигата на шампионите. 
 
Вардарци во овој дуел против германскиот фаворит влегуваат во незгоден момент, со оглед дека црвено-црите се во серија од пет порази. 
 
За разлика од Вардар реномираниот германски тим има дури пет победи и само еден пораз кој пак, па тешко е да се верува дека македонскиот првак на ова гостување може да ја прекина неуспешната низа. 
 
Потсетување дека тимот на Кил на гостувањето во Скопје, пред нешто повеќе од еден месец, забележа победа со 29-26 иако вардарци на почетокот на вториот дел имаа и четири голови предност.
 
„Не чекаат три исклучително важни натпревари. Првата ни е на гости кај Кил каде ниту една екипа во Европа не е фаворит во Кил. Би било добро да одиграме квалитетен натпревар бидејќи тоа ќе ни биде дополнителна мотивација пред мечот на гости со Загреб и гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер. Доклолку на овие натпревару забележиме две победи тоа ќе бидат мелем на раните за сите нас, изјави тренерот на вардарци Весенил Вујовиќ.
 
Мечот меѓу Кил и Вардар ќе се игра утревечер во термиот од 20 часоти 45 минути, а денека во рамките од А групата се играат средбите, Алборг - ПИК Сегед, Елверум - Мешков Брест и Монпелје - ППД Загреб. 
 
Ним е лидер на табелата со 13 бодови, а по него следуваат Сегед, Кил и Алборг со 12, 11 и 10 бодови. Елверум кој досега собра 8 бода е пред Вардар кој е шести со пет, а зад македонскиот шампион се ППД Загреб со 4 и Мешков кој нема освоено ниту еден бод.