Ракомет
26. May 2016 - 22:34

Вардар го доби шампионскиот пехар

Ракометарите на Вардар вечерва го добија шампионскиот пехар за првото место освоено во годинашново првенство. „Црвено-црните“ со вчерашната победа над Металург и теоретски ја одбранија титулата, а по денешниот дуел со Макс Струмица го добија и пехарот. Ова за Вардар е 10.та титула првак на Македонија.
Инаку, Вардар вечерва во првиот натпревар од 9.коло ја совлада Макс Струмица со 47:30.
Најефикасен на дуелот беше повратникот во тимот Александар Дереван со 14 голови. Тој поголемиот дел од сезоната ја пропушти поради повреда. Другите два дуела од 9.коло ќе се играат во текот на викендот, додека Вардар во последното коло ќе гостува во Прилеп.    

 

фото: www.rkvardar.com.mk