Loading Video...
Фудбал
13. May 2018 - 19:10

Вардар два пати водеше и загуби од Пелистер

 
 
Неколку интересни средби донесе 34.коло во ПМФЛ 
 
Единствениот гол на дуелот во Прилеп меѓу Победа и Силекс го постигна Зоран Даноски во 50.мунута за минимален триумф на домаќините, кои во 70-тата минута не реализираа и пенал. 
 
Тоа го искористи екипата на Работнички која со голот на Ниегериецот, Чарлс Геофреј во 87.минута забележа минимална победа на гостувањето кај Академија Пандев со 1-0, па сега го презеде третото место на табелата од Силекс. 
 
Вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер заврши со победа на битолчани од 3-2, иако вардарци два пати имаа предност. 
 
Домаќините поведоа во 8.минута преку Тигран Барсегјан, но само пет минути подоцна (13) Пелистер израмни од пенал со  голот на Иве Трифуновски   
 
Во вториот дел, односно 60.тата минута, беше досудена најстрога казна за Вардар, а сигурен реализатор беше Дејан Блажевски . Но и таа предност црвено-црните не ја задржаа долго бидејќи Благојче Коњарски во 69.минута, одново го израмни резултатот, сега на 2-2. И кога сите очекуваа крај во првата минута од судиското дополнение (90+1) Благоја Наумовски го постигна третиот гол за Пелистер за значајна победа во трка за место кое носи бараж за опстанок во лигата
 
На останатите средби беа постигнати овие резултати: Шкендија - Скопје 3-1 и Шкупи – Ренова 3-0
 
 
 
 

Поз

ТАБЕЛА

бодови

1

ШКЕНДИЈА

85

2

ВАРДАР

53

3

РАБОТНИЧКИ

48

4

СИЛЕКС

46

5

ШКУПИ

45

6

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

42

7

РЕНОВА

41

8

ПОБЕДА

35

9

ПЕЛИСТЕР

34

10

СКОПЈЕ

32