Loading Video...
Ракомет
28. November 2018 - 13:13

Вардар домаќин на Извиѓач

ракометарите на Вардар и Металург денеска и утре ги играат средбите од 9.коло во СЕХА лигата. 
 
Македонскиот и актуелен шампион во СЕХА лигата, Вардар вечерва пред својата публика во Јане Сандански ќе го игра мечот против босанскиот претставник Извиѓач. 
 
Вардарци се апсолутни фаворити, во дуелот против последно пласираната екипа на табелата. Црвено-црните досега имаат шест победи и два порази, додека Извиѓач на осумте одиграни средби само еднаш остана непоразен, играјќи нерешено. 
 
Средбата Вардар - Извиѓач ќе започне во терминот од 20 часот и 15 минути. 
 
А, утре пак со дуелот меѓу Војводина и Металург кој ќе се игра во терминот од 17 часот, ќе биде комплетирано деветтото коло односно првата половина од сезоната во СЕХА конкуренцијата.