-->
-->
Вардар домаќин на Цеље, а Металург гостува во Загреб
-->
Во регионалната ракометна СЕХА лида денеска и утре на програмата се дуелите од 14.коло.
Актуелниот шампион во ова натпреварување Вардар, вечерва пред своите симпатизери (20:45 часот) ќе го угости тимот на Цеље.
„Целје е добра екипа со млади играчи, и играчи кои исто така имаат искуство. Натпреварот е тежок, зашто тие играат брз центар. Треба да се биде спремен на таквата игра. Очекувам добар натпревар. Ние имаме стабилност и треба да играме добро, но и да се искористи мечот, да се чувствуваме подобро и да се воиграме подобро. Имавме долга пауза, и сега ни требаат натпревари“ , изјави Раул Гонзалез.
За разлика од вардарци кои се убедливо први на табелата, Металург ќе има тешка задача бидејќи гостува кај второ рангираниот ППД Загреб.
„Домаќините се очигледни фаворити на денешниот натпревар, а ние го имаме најмладиот ростер во лигата и секој натпревар ни служи да научиме нешто ново. Но, тоа не значи дека ќе се предадеме предвреме, ќе одиграме максимално во Загреб. Имаме квалитет, а во случај да го одиграме нашиот најдобар ракомет, би можеле да го изненадиме противникот“ , вели Александар Јовиќ предводникот на македонскиот вицепрвак.
Средбата во Загреб ќе почне во терминот од 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море