Спорт плус
14. March 2019 - 11:01

Вардар брка победа против Шутова во борбата за шампионската титула во одбојкарското првенство

Одбојкарскиот клуб Вардар ќе ги одмери силите со Шутова во „Градски Парк“ во Скопје претстојниов викенд.

Тие ги повикуваат сите љубители на спортот во недела, 17-ти март со почеток од 18.00 часот да ги поддржат младите и идни надежи на македонската одбојка за да ги охрабрат да дојдат до победа и да се доближат скалило погоре до освојување на шампионската титула.

– Даваме сѐ од себе на теренот и надвор од него, борејќи се со секој скок и чекор. Се надеваме дека таа наша борба ќе ја видат што поголем број на луѓе, посебно оваа недела, соопштија од ОК Вардар, додавајќи дека е време за нови победи и успеси.