Македонија
30. March 2018 - 16:15

Вангеловски: Политиката да се држи настрана од судството

Судството не смее да се користи за политички маркетинг, судиите треба независно да ја вршат својата функција, без влијание и закани, порача првиот човек на Врховниот суд по повод македонскиот ден на правосудствто.

Вангеловски вели дека политички притисоци постојат сегде, но судиите треба да ги задржат својата независност и достоинство во и надвор од судница. Законските измени треба да бидат издржани, а реформите мора да ја вратат довербата на граѓаните во судскиот систем.   

Судската власт е една од главните забелешките во извештаите на Европската комисија и на Прибе. Извештајот на Прибе не требаше да ни се случи. Граѓаните живеат скромно, но не се гладни за храна, потребно им е спроведување на правото и на законите, бидејќи граѓаните тоа го очекуваат. Судовите судат во име на граѓаните и тие имаат право да знаат зошто се носат таквите одлуки“, порача Вангеловски.

Денот на правосудството, утре ќе биде одбележан и со свечено отворање на новата зграда на Кривичниот суд, цели 8 години по поставување на камен-темелникот. Работата во новиот објект ќе стартува со најобемниот предмет на Специјалното обвинителство Титаник, во кој екс-премиерот Груевски и 20 други лица се товарат за изборни нерегуларности.