Македонија
27. April 2016 - 16:14

Вандализмот врз спомениците е уривање на македонската историја и култура

Спомен обележјата кои ја симболизираат вековната македонска историја се обоени и уништени. Со тоа се удри и по македонските херои кои го положиле животот за независна и суверена Македонија.

Додека се маваше со јајца и балони полни со боја кон најзначајните лица и моменти од нашето минато, споменици од другата страна на Вардар останаа недопрени.

Хулиганите на СДСМ го осквернавија симболот на децата бегалци од Егејска Македонија, го нападнаа споменикот на АСНОМ.

Кога на нивниот протест се приклучија и УЧК, во рацете на големите Методија Андонов-Ченто, Михајло Апостолски, Киро Глигоров, Кирил Петрушев, Емануел Чучков, Панко Брашнаров и другите великани на македонската историја беа поставени албански знамиња. Врз споменот на овие Македонци, протестантите поставуваат пароли за “hot line“!

Порталот „Журнал“ вчера објави дека Албанците од БЕСА не даваат да се фарба Скендербег, само македонските спомен-обележја требало да бидат сквернавени.

Граѓаните не го кријат својот револт по ваквата однесување. Велат дека сите оние кои ги уништуваа спомениците во Скопје треба да си бидат повикани на разговор во полиција и да бидат соодветно казнети. Според нив, хулиганите треба да бидат казнети и парично, па со тие пари да се плати направената штета. На прашањето „Зошто не се бои споменикот на Скендербег, а се вандализира АСНОМ“, граѓаните одговараат дека Албанците се посложни и „Каде што има сила, нема правдина“!а направиле.

-Боењето на спомениците не е добро. Полицијата треба да ги најде сторителите и тие да ја платат штетата. А за Скендербег зошто не се бои и уништува, затоа што каде што има сила нема правдина.