Вандализам на ловиштата во Македонска Каменица
Нов случај на вандализам во шумските предели под надлежност на Ловното друштво „Каменица Саса“ од Македонска Каменица. Вандализмот, како што информираат од друштвото, се случил на едно од местата каде е извршена прихрана на дивечот, при што е регистрирано машко лице кое го врши вандализмот.
-И покрај залагањата за зачувување и прихрана на дивечот во ловиштето во Македонска Каменица, меѓу ловџиите очигледно имави такви на кои им смета нашата постапка. И покрај овој случај кој денес го регистрираа нашите камери ова нека биде пример како не треба да се однесуваме во однос на заштитата на дивечот, истакнаа од ЛД „Каменица Саса“.
Во рамки на вандалскиот чин, како што додадоа, оштетено е таканареченото „солиште“, од кое дивечот се прихранува во текот на летото.
-И покрај овој вандалски чин ќе продолжиме да вршиме прихрана на дивечот, согласно сите правила за ловостопанство, а на сите наши членови ќе им порачаме да пријавуваат слични случаи кало денешниот, додадоа од каменичкото Ловно друштво.
Случајот како што додадоа ќе биде пријавен до надлежните органи.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората