Фудбал
13. February 2016 - 16:19

Ван Гал загуби и во Сандерленд

Фудбалерите на Сандарленд го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:1, во првиот натпревар одигран во рамките на 26.коло, во англиската Премиерлига.
 
Сандерленд ја заслужи победата против ‘црвените ѓаволи’ која му донесе значајни три бода во борбата за опстанок. Јунајтед одигра уште еден лош меч, а од повисок пораз го спаси голманот Де Хеа, кој во второто полувреме имаше три одлични одбрани.
 
‘Црните мачки’ по само 180 секундои игра го постигнаа првиот гол, кога Казри успеа да го совлада Де Хеа.
 
Јунајтед израмни преку Марсијал во 31.минута. Мата биеше од 17 метри, Маноне го одбрани неговиот удар, а одбиената топка во голот ја смести младиот Французин.
 
Во 82.минута, Казри изведе корнер, а Ламина Коне со глава го постига голот за конечни 2:1. крај