Фудбал
19. January 2017 - 14:22

Ван Бастен: Да се укинат пеналите и офсајдите!

Легендата на холанскиот фудбал, Марко ван Бастен кој сега е на функцијата технички директор на ФИФА изјави дека лично се залага за укинување на пеналите, офсајдите но и продолжетоците на натпреварите. 

Холанѓанецот исто така бара и ограничување на бројот на натпреварите на 60 во една календарска година со цел квалитетот да го надмине квантитетот. 
Со укинувањето на офсајдот ќе се игра поефикасно смета ван Бастен кој се залага и за уведување четвртини во фудбалот со цел тренерот да има повеќе можност да разговара со играчите, пеналите да се изведуваат од 25 метри со ограничување на 8 секунди и фаулите да се санкционираат до времено исклучување.