Фудбал
30. May 2017 - 10:12

Валверде нов тренер на Барселона

 
Ернесто Валверде е нов тренер на шпанскиот фудбалски великан Барселона, соопшти претседателот на клубот Хосеп Бартомеу.
 
Доскорешниот тренер на Атлетик Билбао ќе потпише двегодишен договор со клубот со можност соработката да се продолжи на уште една година.
 
На тренерското место на „Камп Ноу“ Валверде ќе го наследи Луис Енрике, а официјалната промоција е најавена за в четврток (1 јуни).
 
53-годишниот Валверде во својата тренерска кариера досега ги предводел Атлетик Билбао, Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија