Фудбал
2. March 2017 - 16:04

Валверде најблиску со „столчето“ во Барселона

Актуелниот шеф на стручниот штаб на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде моментов е прв фаворит за наследник на Луис Енрике на клупата на тренерското место во Барселона.
 
Енрике вчеравечер соопшти дека по завршување на сезоната ќе го напушти каталонскиот клуб.
 
Од друга страна, на Валвере на лето му истекува договорот со Атлетик, а тој се уште го нема продолжено поради, како што шпекулираат шпанските медиуми, сознанието дека Барселона е заинтересирана за него.
 
Тој како играч настапуваше за Барселона на крајот на 80-те, а како тренер работел и во Еспањол, Валенсија, Виљареал и Олимпијакос.
 
Покрај Валверде, како сериозни кандидати за тренерското место во Барселона се спомнуваат тренерот на Севиља Хорхе Сампаоли, менаџерот на Евертон Роналд Куман, Лорен Блан, Оскар Гарсија и Франк де Бур.
 
Барселона најави дека името на новиот тренер ќе го соопшти на 1 јули.