Свет
22. January 2016 - 16:17

Валс: Вонредната состојба во Франција ќе трае колку што е неопходно

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека вонредната состојба во Франција, која беше прогласена по ноемвриските терористички напади во Париз, при што загинаа 130 луѓе, ќе продолжи. 

- Вонредната состојба ќе трае колку што е неопходно. Додека има закана треба да ги користиме сите мерки, наведе Валс во интеврју за Би-Би-Си.

Вонредната состојба во Франција треба да биде укината на 26 февруари, но властите бараат нејзино продолжување.

Тој истакна дека борбата против тероризмот треба да биде „целосна, глобална и безмилосна“.