Балкан
17. September 2015 - 17:36

Валјак прегази човек на автопатот Белград – Ниш

Ужасна несреќа се случила на автопатот Белград – Ниш, во Србија, кога ваљак прегазил човек, пренесуваат српските медиуми.

Имено, во несреќата загинал Живорад Ј. (60), кој застанал во првата лента од коловозот, ја кренал хаубата на својот автомобил да види што не е во ред со него.

Тој, најверојатно не го чул валјакот кој му се приближувал. 

На делницата на која застанал Живорад се изведуваат градежни работи за поправка на коловозот и сообраќајот е затворен.

Живорад починал на самото место од повредите кои ги здобил, а несреќата се случила во четврток околу 13 часот.