Фудбал
1. July 2017 - 8:17

Валбуена официјално член на Фенербахче

 
 
Францускиот фудбалер Матје Валбуена и официјално е нов член на турскиот гигант Фенербахче.
 
32-годишниот Валбуена со екипата на Фенербахче потпиша двегодишен договор, со опција на продолжување на уште една, објави турскиот клуб на својата интернет страница. 
 
Некогашниот француски репрезентативец осум сезони го носеше дресот на Олимпик Марсеј, по што замина за Русија каде играше една сезона за Динамо Москва. Валбуена минатата сезона се Франција и настапуваше за тимот на Олимпик Лион.