Македонија
15. October 2019 - 10:42

Валандовските инспектори постапуваат според одлуката за комунален ред

Одлуката што содржи одредби за воведување на комунален ред на територијата на Општина Валандово, по само неколку недели од стапувањето во сила ги иницираше и првите интервенции кои комунално ги дисциплинираат валандовчани.

Општинските надлежни служби, покрај затворањето на две поголеми диви депонии кај Балинци, веќе реагирале и по граѓански пријави за прекршување на комуналниот ред.

-Во неколку наврати комуналните инспектори излегоа на терен при што изрекоа неколку првични предупредувања на физички лица од општината за печење ракија,истовар на огревно дрво на јавна површина и за ширење непријатна миризба од шталски објекти по кои опоменатите граѓани навремено постапиле при отстранување на проблемите,велат од општинскиот инспекторат.

Од општината на почетокот очекуваат извесни потешкотии во спроведувањето на одлуката за комунален ред,но сепек се убедени дека целосно ќе се имплементира на целата територија на Општина Валандово.