Вакцинизацијата против Ковид-19 во Австрија почнува, веројатно, во јануари
Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер денеска изјави дека првите вакцини против коронавирус во Австрија ќе може да почнат да се даваат уште во јануари.
Аншобер рече дека Австрија може да добие 600.000 дози за 300.000 луѓе до крајот на годината. Првите вакцини ќе ги добијат луѓето кои работат во здравството и здравствената заштита, објасни тој. Според него, што е можно повеќе луѓе треба да се вакцинираат до летото следната година. Тој појасни дека тргнува од фактот дека околу 50 проценти од Австријците ќе бидат вакцинирани и додаде дека сигурно ќе се вакцинира против ковид-19.
Министерот посочи дека на Австрија и претстои четвртата фаза од борбата против коронавирусот.
Аншобер смета дека Австрија досега добро поминала низ епидемијата, но предупреди дека претстои уште една тешка фаза.
– Фазата 4 значи дека се соочуваме со опасностите од вториот бран и сакаме да спречиме да не „удри” со сета своја сила. Ние мора да го спречиме вториот бран, рече Аншобер.
Ново на Сител
-
Вечерва во Скопје и Битола протести за смртта на малата Јана
-
Кров падна врз средношколка во медицинското во Битола
-
Замрзната цената на хигиенските производи
-
Можно враќање на дневната ефтина струја од јули
-
Утре протест на здравствените работници за повисоки плати
-
Ван дер Белен од Скопје: Да не се драматизираат уставните измени
-
Лога ретерира: Впишувањето на Бугарите е приоритет пред другите барања за Уставот
-
Медиумите не се по мерка на академијата - Доделени дипломи на идните судии и обвинители