Вакцините Спутник В произведени во Италија ќе бидат достапни од крајот на годинава
Руските вакцини Спутник В, кои во Италија ги произведува фармацевтската компанија „Адиен Фарма & Биотек“, нема да бидат достапни на пазарот најмалку до крајот на 2021 година, објави денеска агенцијата ТАСС.
Рускиот фонд за директни инвестиции оваа недела потпиша договор со швајцарската компанија, кој претходно мора да биде одобрен од италијанските регулатори пред да започне производството.
– Компанијата ќе произведува серии за продажба дури кон крајот на 2021 година, изјави Антонио Франческо Ди Наро, висок претставник на компанијата „Адиен Фарма & Биотек“.
Тој истакна дека компанијата се уште треба да ја заврши постапката за размена на технологијата за производство на Спутник В, да се тестира нејзиното производство и да им се пренесат податоците на националните регулатори пред да почне вакцината да се продава.
Научниците тврдат дека руската вакцина има ефикасност од речиси 92 отсто. Спутник В е веќе одобрена или се чека нејзино одобрување во три членки на ЕУ: Унгарија, Словачка и Чешка. Официјални претставници на ЕУ наведуваат дека Брисел може да започне преговори за евентуална набавка на руската вакцина доколку тоа го побараат најмалку четири членки на Унијата.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас