Вакцините се речиси сигурно помалку ефикасни против новиот вид на коронавирусот, тврди британски биолог
– Вакцините речиси сигурно ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта на коронавирусот што се шири од Африка, изјави за Би-Би-Си професорот Џејмс Нејсмит, биолог од Универзитетот во Оксфорд.
– Тоа е лоша вест, но не е крај на светот, рече Нејсмит, додавајќи дека вакцината ќе биде ефикасна до одреден степен, но веројатно помалку ефикасна отколку што беше кај претходните варијанти.
Нејсмит во интервју за Би-Би-Си додаде дека големиот број мутации забележани во новата варијанта може да сугерираат дека се работи за позаразен вид.
Но, биологот наведува дека нивото на зараза со вирусот не е толку едноставно и зависи од тоа како функционираат мутациите заедно.
Доколку новата варијанта се прошири побрзо, несомнено ќе стигне и во Велика Британија, рече тој, додавајќи дека забраната за летови од Јужна Африка и соседните земји ќе го одложи пристигнувањето на новата варијанта за неколку недели.
Но, Нејсмит вели дека не треба да се очајува. Вакцините ќе имаат одреден ефект врз новата варијанта, а се појавуваат и нови лекови кои речиси сигурно нема да бидат засегнати од мутациите во новата варијанта, пренесува Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација