Вакцинираните американски туристи ќе можат да патуваат во ЕУ
Американските туристи ќе имаат право да ја посетат Европската унија во наредните месеци, под услов да се вакцинирани против Ковид-19, изјави за „Њујорк Тајмс“ претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.
– Колку што гледам, Американците користат вакцини одобрени од Европската агенција за лекови. Тоа ќе им овозможи слободно да се движат и слободно да патуваат во Европската унија, рече таа.
– Едно е јасно: 27-те земји-членки безусловно ќе го прифатат секој што е имунизиран со вакцини одобрени од агенцијата, рече Фон дер Лајен но не прецизираше кога точно ќе се случи тоа. Според весникот, новите правила може да стапат во сила ова лето.
Европската агенција за лекови ги одобри сите три вакцини што се користат во САД: Модерна, Фајзер/Бионтех и Џонсон и Џонсон.
Обновувањето на патувањата ќе зависи „од состојбата со епидемијата, но состојбата се подобрува во САД, како и, се надеваме, и во Европската унија“. Фон дер Лајен го подвлече огромниот напредок на САД, кои се на пат да вакцинираат 70 проценти од возрасната популација до средината на јуни.
Пандемијата го уништи туристичкиот бизнис на европскиот континент, бидејќи голем број земји на ЕУ ги затворија своите граници за патувања кои не се неопходни.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна