Македонија
1. July 2019 - 16:10

Вакцини против рота вирус и пневмокок, ставени во календарот за имунизација, иако не се задолжителни

Десетина бебиња во Скопје утринава примиле вакцина против рота вирус која од денеска е дел од календарот за имунизација. Покрај заштита од заболувањето кое може да биде и фатално кај новороденчиња, истовремено, достапна за малите деца е и вакцината пнеумокок.

-Ова се вакцини против пнеумокок, за секое дете поединечно а ова е за рота вирус се капнуваат капки, велат од диспанзерот во Букурешт.

Боцкањето за ротавирус е со три дози кои бебето треба да ги прими до осуммесечна возраст.

-Вакцинацијата против ротавирус и пнеумокок не е задолжителна. Иако двете нови вакцини се вметнати во редовниот календар како и во правилникот за имунизација, според последната владина одлука тие се препорачани.

Надлежните ги вметнале во календарот за родителите да знаат во кој период треба детето да ја прими вакцината. Но доколку не сакаат не се обврзани да го носат на боцкање. Иако не се знае дали ќе дојде до промена на оваа одлука, педијатрите во вакциналните пуинктови велат дека  вакцините ќе спречат сериозни компликации од опасдните вируси и бактерии.

-Има интерес кај родители бидејќи овие вакцини посебно за рота вирус кој предизвикува дехисрирање кај бебиња е добра за заштита и имунитет против овие вируси. Истото важи и за пнеумококот, вели др. Александар Ристевски од диспанзерот во Карпош

Вакцините против ротавирус и пневмокок се достапни во европските земји и во Америка уште пред 15 години.