Вакцината на „Модерна“ делува и против новите мутации на Ковид-19, тврдат научници
Вакцината на „Модерна“ против коронавирусот делува против новите мутации на вирусот кои се појавија во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научниците од оваа фармацевтска компанија, пренесува британски „БиБиСи“.
Лабораториските тестови сугерирале дека антителата кои се создале како резултат на вакцината, ги препознаваат и се борат против новите мутации на коронавирусот.
Сепак, потребно е да бидат извршени повеќе студии за да се докаже дека тоа е вистина, посебно за луѓето кои се веќе вакцинирани.
Новите мутации на коронавирусот се шират брзо во бројни земји ширум светот, односно вирусот има мутирано и сега е позаразен од изворната верзија на коронавирусот. Според научниците, новата мутација која се појави во Велика Британија во септември, можеби е и до 70% позаразна од изворната.
Моменталните вакцини се дизајнирани според претходните верзии на вирусот, но научниците уверуваат дека тие се ефикасни и против најновите мутации на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Сопругата на претседателот Пендаровски се вакцинираше против Ковид-19
-
Пешевска: Жените мора да добијат уште поголема улога во градење на општеството
-
Каменуван воз кој се сообраќал на релација Табановце-Скопје, повредени патници нема
-
Евидентирани 40397 лица во апликацијата за самопопишување на иселениците
-
Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ
-
Пронајдено починато лице во водите на Вардар близу Долно Лисиче
-
Машко лице паднало во Вардар, телото се уште не е пронајдено