Македонија
3. November 2019 - 16:31

Вакцинацијата против сезонски грип доцни најмалку еден месец во споредба со претходните години

Тендерските процедури за набавка на вакцини ја одложија имунизацијата против грип за еден месец. И додека во изминатите години таа почнуваше на 15 октомври, за годинава според прогнозите на надлежните  ќе биде после 15 ноември. Во државата не се стигнатти ниту комерцијалните вакцини што ги набавуваат центрите за јавно здравје, ниту пак 28 000 бесплатни дози за кои е задолжено Министерството за здравство.  Министерот Филипче вели дека не е задоцнета заштитата против грип а тие ги почитувале препораките од Светската здравствена организација.

-Тендерот заврши за бесплатните вакцини, сега е периодот на жалби и после тоа јас очекувам за десетина 15 дена вакцините да стигнат во земјата и да почне имунизацијата. И препораките на Светската здравствена организација за нашата земја и другите од регионот, поради временските услови беше пшокасно да се почне со имунизација, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Центритер за јавно здравје ќе набават 21000 комерцијални вакцини, но засега не е утврдена цената по која ќе им ја продаваат на граѓаните. Бесплатните вакцини, пак од Министерството за здравство се наменети за пензионери над 65 години, трудници, хронично болни  и деца до 5 годишна возраст, кои преку Мој термин ќе закажуваат за имунизација.

-Согласно програмата за имунизација што ќе ја правиме за 2020 година и согласно расположливите средства, најверојатно ќе вклучиме и други категории на граѓани, вели Филипче.

Ланската сезона заврши со над 22 000 заболени и 29 смртни случаи како последица од грипот. Годинава веќе има над 50 заболени од вирусот кои се пријавени во Институтот за јавно здравје.

За разлика од кај нас каде чекаме завршување на тендерски постапки, во соседна Србија веќе три недели е во тек вакцинација против грип.