Свет
6. August 2019 - 11:13

Вака полицијата го ликвидираше напаѓачот во Дејтона кој уби 9 лица, во крвавиот пир ја покоси и својата сестра

Полицијата во американскиот град Дејтона, во Охајо соопшти дека меѓу деветте жртви на пукањето е и сестрата на 24-годишниот напаѓач Конор Бетс, кого го уби полицијата.

Бетс е ликвидиран 30 секунди откако почна да пука во луѓе во кафуле каде уби девет лица, меѓу кои беше и неговата сестра.

Bets sa sestrom Megan

Се наведува дека 22-годишната Меган е најмлада жртва на пукањето. Останатите жртви биле на возраст од 25 до 37 години. Во пукањето 27 лица се ранети.

Бетс го убија полицајци кои биле во редовна контрола.

Напаѓачот користел пушка која ја купил преку интернет во Тексас, а која потоа му е доставена на домашна адреса, објави локалниот шериф. Исто така е познато дека носел панцир во текот на нападот.

Убиецот на местото на злосторството дошол со сестрата и со пријател. Во еден момент, Конор се одвоил од сестрата и неговиот пријател, и се претпоставува дека тогаш ја зел пушката од багажникот, се вратил во барот и почнал да пука.